Бизнис
27. February 2016 - 16:32

Помалку административни бариери за земјоделците

Земјоделците ,откупувачите и преработувачите повеќе нема да губат време по шалтери за да набават одреден документ. Решенијата за одредени барања и молби по службена должност ќе ги набавува ресорното министерство и надлежните органи во овој сектор. Собранието усвои измени и дополнувања на 18 закони од областа на земјоделството со кои значително ќе се намалат административните бариери.

Со една од законските измени лозарите побрзо ќе ги добиваат парите за предаденото грозје. Винариите и сите откупувачи ќе треба откупениот род од наредната реколта да го исплатат до 31 ви јануари, а не како досега до 30 април.

Исплатата на ланското грозје е во тек а досега се исплатени околу 60 % од откупеното. Државата будно ја следи состојбата и доколку долгот не биде исплатен во законскиот рок ,винаријата односно откупувачот ќе биде избришан од Регистарот, и во иднина нема да може да врши откуп на винско грозје.