Македонија
20. January 2022 - 16:42

Помалите партии го поддржуваат предлогот на Мицкоски за една изборна единица

Помалите коалициски партнери во Владата – Демократски сојуз, ДОМ и ЛДП ја поздравуваат можноста ВМРО-ДПМНЕ да прифати една изборна единица за следните параламентарни избори, но велат дека тоа не го врзуваат со предвремени избори како што бара опозициската партија. Сепак овие партии, од понеделник ќе иницираат средби измените на Изборниот законик што тие веќе ги имаат доставено во парламентот.

По лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, денеска и од партијата повторуваат дека бараат предвремемени избори и за полесно да се спроведат тие би направиле отстапки во изборното законодавство.

Предвремени избори и измени на Изборниот законик бараат и од Алијанса на Албанците. Но, од партијата на Села велат дека нивното барање се 8 изборни единици.

Од владејачката СДСМ децидни се дека предврмемени избори не се потребни, а понудата на ВМРО-ДПМНЕ до нивните помали партнери е лицемерно.

И од Алтернатива на Гаши сметаат дека нема потреба од предвремени избори, но дека за предлогот за една изборна едница треба да се размисли.

Од ДУИ пак, со коментар дека за нив е прифатливо укунување на пржинската влада, бидејки со тоа не се загорзува договорот за премиер Албанец 100 дена пред избори. Но, интегративците се против какви било измени на изборните единици без согласност на сите партии.