Ракомет
10. May 2017 - 22:00

Полуфинале во Келн за Начевски и Николов

Македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов е одредена да го суди  полуфиналето во ракометната Лига на шампиони меѓу Веспрем и ПСЖ што се игра на 3.јуни во Келн. Во второто полуфинале во кое игра македонскиот шампион Вардар против Барселона судии ќе бидат Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка.
Во недела на 4.јуни „малото финале“ ќе го судат Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска, додека за финалето се делегирани германските судии: Ларс Гепел и Маркус Хелбиг.