Полскот тур-оператор Rainbow најави влез на македонскиот пазар
Еден од трите најголеми тур-оператори во Полска, Rainbow, ќе почне да ја продава Македонија на своите туристи.
Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, полскиот тур-оператор по повеќе дена инспекциско патување низ земјава, склучи договори со неколку хотели и одлучи идната година да почне со чартер летови.
- По Рего Бис, ова е втор голем тур-оператор кој пројави интерес да ги нуди македонските туристички убавини на туристите од Полска. Со неговото доаѓање двојно ќе се зголеми бројот на полските туристи. Рего Бис почнува да лета оваа година, а Rainbow наредната, 2018-та година. Ова е можност Македонија да се позиционира како туриситичка дестинација на 38-милионски пазар и овојпат ќе ја прошириме нашата понуда, со што фокусот покрај езерскиот туризам, ќе биде и на другите делови од Македонија, изјави директорот на Агенцијата Лела Крстевска.
Според Агенцијата, трендот на посета на Македонија од полски туристи интензивно расте во изминатите пет години, со што Полјаците се вброија во топ 10-те туристи кои ја посетуваат земјава. Полска е осма земја во Европа по бројност на популација, додека гостите од Полска кои ја посетуваат Македонија се од 30 до 55-годишна возраст со преференца за култура, историја и активности во природа.
Ново на Сител
-
Предметот за убиството на Вања и Панче треба да се врати во фаза на истрага, вели бранителот на Видевски
-
СПМ: Никој нема право да тргува со македонскиот идентитет, со историјата и македонскиот јазик
-
МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници
-
Се трага по 22 годишно момче од неготинско Тремник
-
Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 километри на час во место каде е дозволено 40
-
Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица
-
Одложено денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија