Полските пратеници го вратија законот за судска реформа во комисијата за правосудство
Долниот дом на полскиот Парламент гласаше за враќање на спорниот закон за реформа на Врховниот суд во парламентарна комисија, откако претходно беше усвоен во прво читање од владејачката конзервативна партија „Право и правда“ и нејзините сојузници, пренесоа британските медиуми.
За предлогот законот да се врати на комисиска доработка гласаа 434 пратеници, шестмина беа против и еден воздржан од гласање, соопштија американските медиуми.
Доколку влезе во сила, законот на Парламентот ќе му овозможи да ги назначува судиите во Врховниот суд.
Не е познато кога комисијата за правосудство и човекови права ќе го соопшти својот став за текстот на законот, посочуваат американските медиуми.
Во вчерашната бурна дебата опозицијата предложи над 1.000 амандмани на текстот на законот, што, според неа, ја убива независноста на судот.
Парламентарната дебата беше следена и од улични протести.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата