Полскиот Сејм го усвои законот за Врховниот суд
Долниот дом на Парламентот, Сејмот усвои закон со кој се менува начинот на избор на членовите на Врховниот суд на Полска, со што, според критичарите на законскиот текст, ќе се наштети на независноста на судството.
Сејмот го одобри законот со 239 гласа „за", 171 „против" и 24 воздржани.
Подоцна денеска се очекува Сејмот да гласа и за предлог-закон со кој се менува начинот на номинирање на судиите.
Една од критиките се однесува на намалувањето на возраста за пензионирање на судиите од Врховниот суд, што ќе доведе до заминување во пензија на десетици судии, освен ако за нив не бидат направени индивидуални исклучоци.
Венецијанската комисија, група од правници при Советот на Европа, ги окарактеризира промените како „сериозна закана" за независноста на полското правосудство.
Денеска усвоениот закон треба да биде одобрен и од Сенатот, каде владејачката партија Право и правда има доволно мнозинство за тој да биде изгласан. Потоа, законот треба да биде потпишан и од претседателот.
Судската реформа, која во јули на одобрија двата дома на Парламентот доведоа до масовни протести, на кои учествуваа над 100 илјади лица. Тогаш претседателот Анджеј Дуда стави вето на два од законите и понуди своја верзија на реформата.
Опозицијата предложи да бидат одбиени везиите на Дуда, но во ноември Сејмот го отфрли таквото барање и владеачкото мнозинство гласаше да продолжи работата по предлог-законите на претседателот. с
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж