Свет
12. July 2016 - 20:29

Полската полиција заплени 150 килограми хемикалии за изработка на бомби

Полската полиција заплени над 150 килограми хемикалии за изработка на бомби при рации во целата земја, две седмици пред посетата на папата Франциско и на стотици други верници од целиот свет, по повод Меѓународниот ден на католичката младина, јави ДПА. 

- Со тоа количество може да биде разнесено едно мало село, изјави претставничката на полската полиција Агнешка Хамелуш. 

Операцијата е извршена во 12 полски града и при тоа се приведени 14 лица кои се сметаат за сопственици на хемикалиите за изработка на бомби.