Полската опозиција ја прекина „окупацијата“ на Парламентот
Полската либерална опозиција одлучи да ја прекине „окупацијата“ на Парламентот, која почна на 16 декември во знак на протест поради ограничувањата на пристапот за новинари во парламентот и незаконското, како што тврдат, гласање на буџетот за 2017 година.
Лидерот на Граѓанска платформа, Гжегож Схетина изјави дека партијата бара оставка на претседателот на Сејмот, Марек Кухчински, кого го обвинуваат за кризата.
- Го постигнавме главното - враќање на медиумите во Парламентот, посочи Схетина, додавајќи дека тоа е крај само на една етапа и почеток на друга.
Тој побара претседателот на Полска, Анджеј Дуда да не го потпишува законот за буџет.
Претседателот на Сејмот, Кухчински денеска изјави дека денешната парламентарна седница се одложува за 25 јануари.
- Неопходна е подлабока анализа на тоа што се случуваше во последните недели во Парламентот, посочи Кухчански.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета