Полска вечер во рамки на „Охридско лето“

Фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува со Полска вечер на која вљубениците во класичната музика ќе можат да уживаат во настапот на пијанистите Славомир Жубжуцки и Ана Мјерник, како и во оперските изведби на маесто Рафал Жураковски.
Славомир Зубжицки е полски пијанист, композитор и изработувач на инструменти. Дипломирал на Музичката академија во Краков на одделите по пијано и современа музика, по што заминува на Бостонскиот музички конзерваториум, каде што ги доусовршува своите пијанистички способности. Како солист и камерен уметник настапувал низ повеќе земји во светот, а соработувал и со бројни музички имиња. Добитник е на многубројни награди и признанија. Негова специјалност е изведувањето современа музика. Овој пат, тој ќе свири на инструмент што самиот го направил, наречен виола-оргули. Инструментот започнал да го прави во 2009 година, а го завршил во 2012 година. Правен е по скица на Леонардо да Винчи, стара повеќе од 500 години. Премиерата на овој инструмент била во 2013 година на Интернационалниот кралски пијано фестивал во Краков.
Ана Мjерник своето образование го завршува на Музичката академија во Краков, во класата на истакнати професори – пијанистите Андреј Пикул и Славомир Зубжицки. Добитник е на повеќе награди на национални и на интернационални натпревари, а чест гостин е и на мајсторските школи на некои од најеминентните современи пијанисти.
Рафал Жураковски е полски оперски пејач, пијанист и педагог. Своето деби го доживува во 1998 година, во Државната опера во Вроцлав, каде што ја исполнува улогата на Алфредо во операта „Травијата“ на Џузепе Верди.
Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“, со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
