Полска сака да се реши миграциската криза, но не ги прифаќа квотите

Полска сака да игра активна улога во решавањето на миграциската криза во Европа, но не ги прифаќа квотите, изјави денеска полската премиерката Беата Шидло во Берлин.
- За Полска, перманентните квоти за мигрантите не се прифатливи и ние сакаме да разговараме во врска со тоа. Полска сака да биде активна членка на ЕУ во решавањето на овој проблем, нагласи Шидло на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.
- Предложив да започнеме заеднички хуманитарен проект и германската канцеларката го прифати предлогот, додаде Шидло, пренесува Танјуг.
Што се однесува на Велика Британија, Меркел рече дека Полска и Германија сакаат земјата да остане членка на ЕУ и дека ќе направат се за да се постигне компромис со премиерот Дејвид Камерон.
- Се сложуваме дека сакаме да направиме се да и овозможиме на Британија да остане во ЕУ, изјави Меркел.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
