Полска ја прослави годишнината од независноста палејќи знаме на ЕУ

Десетици илјади Полјаци денеска ја прославија 101. годишнина од независноста на земјата со традиционалниот „Марш на независноста“ во Варшава.
За време на маршот организиран од полската екстремна десница, славејќи ја „Голема католичка Полска“ и транспаренти против Европска Унија и годинава демонстративно е запалено знамето на ЕУ.
– Целиот наш народ, целата наша историја е поврзана за католицизмот. Мораме да се вртиме на корените бидејќи овој свет се оддалечи од бог, од католицизмот. Ако не ги вратиме вредностите што ги создава нашиот народ, ќе пропаднеме како западот на Европа, изјави еден од организаторите Роберт Банкјевич.
Тој додаде дека „денешните елите спроведуваат културен марксизам, ги освојуваат училиштата, ја загадуваат мислата на нашите деца. Ниту да гукнат кога Евреите сакаат да ја ограбат нашата татковина“.
На крајот од маршот пред Народниот стадион, каде се одржува патриотски концерт, учесниците ги дочека камион со транспарент „Не за еврејските барања“.
Учесниците во маршот потпишуваа и петиција за донесување на закон со за обештетување на Евреите чиј имот беше ограбен од нацистите за време на Втората светска војна, а комунистичка Полска тие имоти ги национализира. Заштитата на Полјаците од исплата на отштета за еврејските имоти како приоритет ги поставија партиите на екстремната десница.
„Маршот на независноста“ се одвиваше под силно полициско обезбедување. Според процените на организаторот учествувале „150.000 полски патриоти“, додека според градските власти на Варшава – 47.000 луѓе.
Во исто време по друга траса во центарот на Варшава се одржа антифашистички марш на левицата под слоганот „За вашата и нашата слобода“ на кој учествуваа околу 12.000 граѓани, кои се против расизмот, ксенофобијата, антисемитизмот и неофашистичките група. Тие носеа транспарент „Национализмот не е патриотизам“.
Ново на Сител
-

Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
-

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија
-

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжи со презентација на докази за лиценцирањето на објектот
-

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството
-

Проблеми за автомобилот налето и како да се решат навреме?
