Полска ги укина даноците за младите луѓе

Полска ги укина даноците за младите работни луѓе во обид да се запре заминувањето на младите од земјата. Според новите правила, ниту еден работник до својата 26-та година нема да плаќа данок на доход. Олеснувањето се однесува само на работниците, не и на претприемачи и работодаватели.
Законот стапи во сила на 1 август и може потенцијално да влијае на два милиони луѓе во земјата со 38 милиони население. Властите велат дека укинувањето на данокот ќе ги охрабри младите луѓе да се приклучат на пазарот на трудот, кој постојано бележи недостиг на луѓе.
– Не очекувам да се збогатам од оваа мерка, вели 23-годишниот Јан Пиотрски. – Очекувам мојата плата да биде повисока за 100 до 200 злоти (23-46 евра) месечно.
Во Полска, нема точна статистика за тоа колку пари заработуваат младите до 26-годишна возраст. Просечната плата за сите работници е 3700 злоти (860 евра).
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
