Положани: Албанците се над 50% во Македонија и треба да одлучат дали оваа држава треба да постои или не
Шпатим Положани, претседател на Здружението на затвореници и прогонувани Албанци во Македонија, изјави дека тие се повеќе од половина од населението во Македонија и од нив зависи дали таа ќе постои или не?!
„Од 14 директорати и сектори во Републичкиот завод за статистика, Албанците не водат речиси ништо. Ние немаме контрола над статистиката, која е за луѓе како што сме ние. Колку долго ќе го прифаќаме тој деспотски термин ‘дваесет проценти’ кога сме над 50 отсто и ние сме меѓу тие што треба да одлучат дали оваа држава треба да постои или не“, ја пренесува изјавата на Положани весникот на албански јазик „Љајм“.
Својата весела математика Положани ја темели на, наводно, 400.000 Македонци со бугарски пасош, кои, според него, на следниот попис треба да се третираат како нерезиденти.
„Додека Албанците се занимаваат со ѓубре и со директорски места, некој си ја накривува капата. На наредниот попис на населението (2020) како ќе се регистрираат 400.000 Македонци што имаат бугарско државјанство, кои според сегашниот закон треба да се третираат како нерезиденти и кои работат низ целиот свет? Дали и тие ќе се регистрираат како нерезиденти како што се регистрирани над 250.000 Албанци, кои иако имаат имот и ги плаќаат сите даноци во земјата, не можат да гласаат како обичните граѓани“, прашува Положани.
Според него, политичките партии на Албанците од Македонија трчаат по директорски места каде што има пари и никој не го споменува Републичкиот завод за статистика, „каде што се вари кокошката, од што треба да сркаме десет години, дури и повеќе“.
Ново на Сител
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
-

46-годишен маж нападнал полициски службеник на паркинг во Гостивар
-

На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела
-

МВР пресече транспорт на марихуана
-

Мицкоски за протестот на ССМ: Секој има право да протестира, минималната плата законски ќе се зголеми во март
-

Свлечиште оштети дел од потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница
