ОН: Половина од децата во светот се изложени на насилство

Половина од децата во светот, односно околу милијарда, се соочени со некаков вид на насилство, физичко, сексуално или психичко, изјави денеска Марта Сантос Паис, специјалната претставничка на Обединетите нации за борба против насилството врз децата.
Паис, на меѓународната конференција против насилство врз децата во Виена, истакна дека само десет проценти од децата во светот живеат во држави во кои секој облик на телесно казнување е забрането со закон.
- Наша цел е нулта толеранција кон насилството врз децата, нагласи Паис.
При отвoрањето на собирот, шведската кралица Силвија изјави дека верува оти сите сакаат да нема насилство врз децата, но дека тоа не е случај и дека е важно да се преземат чекори да се стави крај на насилството.
На конференцијата учествуваат повеќе од 200 владини претставници од 70 држави.
Во рамките на ЕУ, според директорот на Агенцијата на ЕУ за основни права Мајкл О’ Флаерти, сите 28 земји членки со закон вовеле забрана за физичко насилство во училиштата, но само во 20 држави со закон е забрането физичко насилство во семејствата, што не е доволно.
- Насилството никогаш не смее да биде дел од воспитувањето и мора да се осуди, истакна министерката за женски прашања Софи Кармасин.
- Минатата година законски беше предвидена заштита на децата од насилство, но се уште не сме на крајот од патот, оцени министерот за правда на Австрија Волфганг Брандстетер, и додаде дека законодавството е пресудно, но дека државата има одговорност да не ги остава родителите сами кога станува збор за воспитувањето на децата, истакнувајќи дека насилството врз децата, пред се сексуалната злоупотреба претставува можеби најголем криминален и социјален предизвик на нашата ера.
- Превенцијата е клуч во борбата против насилството во семејствата, поради што во Австрија 300 полицајци, заедно со педагозите во училиштата и градинките работат на знаците на насилство со цел благовремено да се открие, објасни австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка.
На крајот од конференцијата е планирано да се усвои резолуција, со која ќе бидат повикани сите држави во светот во своето законодавство да внесат барање за воситување на децата без насилство.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
-

Од денеска нема мерки за горивата, Пазарната инспекција подготвува нов извештај за цените во маркетите
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
