Полната Месечина денеска предизвикува масовно лудило, предупредуваат астролозите

Полна Месечина пред почетокот на летната долгодневица е настан кој се случува еднаш во животот.
Оваа појава се нема случено во последните 70 години, а ќе се повтори дури во 2094 година. Меѓутоа астролозите предупредуваат дека оваа појава може да предизвика хаос меѓу популацијата.
Полната Месечина ќе се појави во денеска на 20 јуни, само ден пред летната долгодневица, и може да предизвика хаос, халуцинации, па дури и масовни пукања, предупредуваат астролозите.
Тимоти Халоран, основач на ЈуТјуб каналот "Rasa Lila Healaing YouTube Astrology", направи специјална видео снимка во која предупредува на настаните во текот на долгодневицата кои можат да бидат многу бурни.
Тој на снимката напомена дека на 20. јуни ќе дојде до „зголемена енергија“ која може да предизвика „лудило, халуцинации и насилничко однесување“ меѓу популацијата.
-Зборовите како се просветлување и осветлување генерално се доживуваат како нешто преубаво и кон тоа треба да се тежнее, вели тој.
Меѓутоа, светлото е продорно и врело и понекогаш може да биде неподносливо, посебно за нас во северната хемисфера во текот на летната долгодневица, рече Тимоти во својата снимка.
Тимоти напомена дека она што моментално се случува како „џиновски бран кој ќе удри на нашите верувања и гледишта, кој ќе ги уништи во парчиња и кој ќе открие реалност за која не знаевме дека постои“.
Во својата снимка тој исто така напомена дека секој кој ќе стане психопат во текот на 20 јуни мора да биде заклучен и „бомбардиран“ со љубов од страна на најпривлечните луѓе на светот.
Полната Месечина во текот на летната долгодневица не се случила дури 70 години и нема да се повтори се до 2094 година. Во текот на долгодневицата денот ќе трае подолго од 15 часа, а на небото истовремено ќе се види и Сонцето и Месечината.
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
