Политичката ситуација по референдумот да се разреши брзо и едноставно, стопанството бара стабилност и сигурност

Ако сакаме позитивно да ја завршиме годината со планираниот економски раст од 3,2 отсто и без какви било негативни последици врз деловниот сектор, тогаш процесот по вчерашното референдумско изјаснување треба да заврши што побрзо и поедноставно, смета Стопанската комора на Македонија.
Според Комората, рано е да се каже дали ќе има или не предвремени парламентарни избори како што најави синоќа премиерот Зоран Заев, но за бизнис заедницата се најважни стабилноста и сигурноста. Не треба да има турбуленции кои би предизвикале проблеми врз производството и инвестициите.
- Секое поместување во оваа насока може некако да се рефлектира. Ако сакаме позитивно да ја завршиме годината, потребна ни е стабилност во функционирањето на институциите. Очекувањето е колку може поедноставно и побрзо овој процес да се заокружи за да не се предизвикаат негативни последици по натамошниот економски раст. Во минатото беше евидентно, и тоа го покажуваа сите статистички показатели, дека во услови кога имаме избори и одредени кризи, стопанството не е имуно и се доведува во пад или стагнација, истакна в.д. извршната директорка на Стопанската комора Билјана Пеева Ѓуриќ, одговорајќи на новинарски прашања.
Потсети дека Македонија лани ја заврши годината со 0,1 отсто раст.
- Влеговме во фаза кога состојбите почнаа да се раздвижуваат и кумулативно имаме раст на БДП од 1,6 проценти во првото полугодие, а само во вториот квартал 3,2 отсто. Далеку сме од економска стагнација, но доколку сакаме да го постигнеме проектираниот раст од 3,2 процента треба да постојат реално такви состојби на пазарот и да нема непредвидени движења на домашната сцена или од надворешни фактори, нагласи Пеева Ѓуриќ на прес-конференцијата за состојбите во пивската индустрија.
Ново на Сител
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
-

Стабилизација и годишна инфлација под 3% очекува премиерот
-

Бислимоски поднесе оставка
-

По најавите на Касами за смена на министри, Мицкоски му врати дека тој одучува кој ќе остане во Владата
-

Во Белград приведен Саитов, кој во Капиштец прегази жена и избега од државата
-

Мицкоски: Останаа уште неколку битанги кои ќе се најдат зад решетки
-

Одбраната на Васев го негира вештачењето на словенечкиот онколог
