Политичката криза во Албанија ги исплаши туристите, откажани најавени тури

Политичката криза и масовните протести на опозицијата условија откажување на веќе најавени тури пред се од Германија, Велика Британија и од Израел.
Бесник Ватхи, претставник на Здружението на албанските туроператори, вели дека само последните денови откажани се повеќе големи групи со туристи најавени за крајот на март и почетокот на април.
– Поради политичките тензии и протестите веќе почнаа да се чувствуваат последиците во туризмот, со откажување на веќе договорени тури, посебно со Израелци, Германци и Англичани. Доколку продолжи тензичната политичка ситуација во земјата, не би сакал да верувам, но тоа е вистината, очекуваме да бидат откажани уште многу други тури, вели Ватхи.
Тој не ја крие загриженоста дека доколку ваквата состојба продолжи негативно ќе влијае и врз главната туристичка сезона, иако, според него засега нема откажување на резервации за летниот период.
Според Институтот за статистика, Албанија минатата година ја посетиле рекорден број туристи, околу шест милиони или 16 отсто повеќе во споредба со претходната година. Од туризмот, пак, остварени се над една милијарда и 850 милиони евра бруто приход, што е највисоко, историско ниво забележано досега.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
