Бизнис
31. July 2015 - 16:22

Политичката криза предизвикана од СДСМ има влијание врз економијата - Пратенички прашања во Собрание

Некои инвеститори ги одложија одлуките за инветсирање во Македонија. Креираната политичка криза имаше влијае врз економијата. Премиерот Груевски вели дека Владата се концентрирала на тоа кризата да трае што пократко за негативното влијане да биде што помало.

- Некои од инвеститорите ги одложија своите одлуки па дури откако завршија одредени делови, некаде во јуни - јули, околу разговорите за надминување на кризата дури тогаш почнаа да ме информираат дека донеле одлуки за инвестирање во Македонија. Некои од нив се уште ги немаат донесено и работиме со нив, но некои веќе ги донесоа и ги објавија одлуките во јуни и во јули. Но, тоа можеше да биде во март, во февруари и ќе беше но поради состојбите одлучија да почекаат да видат што ќе се случи. Точно е и тоа дека безмалку сите роудшоуа во првата половина од годината ги одложивме, од причини што моравме да бидеме фокусирани на домашната креирана криза од страна на опозицијата и да се трудиме колку што е можно побрзо таа да биде надмината, рече Груевски.

Во услови на политичка криза неколку гиганти објави дека ќе инветсираат во Макеоднија. Леар во полошкиот регион објави дека ќе вработи 3000 лица. КСС почна со грдаба, ОДВ Електрик и Краунфилд фоундри потпишаа договори за реализација на инветсициите, италјнаската Кондево одлучи да инветсира во земјава. Течат според утврдената динамика и инвестициите кои се започнати од порано, а се преговара и со нови. .

- Во фаза сме на договарање со уште неколку значајни компании. Во наредните неколку месеци очекуваме да ги објават своите одлуки. Некои од нив веќе градат. Тие не се само одлична можност за вработување туку и одлична можност за соработка на домашните компании со нив кои би можеле да станат нивни добавувачи, рече Груевски.  

Главна цел на владата во иднина ќе биде да го отвори патот на македонските фирми да се вклучат поинтензивно во синџирот на добавувачи на странските комапнии односно да се вклучат како добавувачи. Во моментов од зоните се извезуваат стоки кои чинат третина од вкупниот извоз од земјава.