Бизнис
6. April 2017 - 20:01

Политичката криза ја забавува македонската економија, нотира Светска банка

Политичката криза ја закочи македонската економија. Годинава растот се очечкува да биде 2,8 отсто, а догодина 3,3 проценти, се вели во најновиот извештај на Светска банка. 2016 пак  земјава ја заокружи со економски раст од 2,4 проценти. Намалените порекции се должат на случувањата во земјава  кои  ги погодија инвестициите. Како главни двигатели на економијата беа посочени градежништвото и финалната потрошувачка. Сепак вработувањата продолжија. Според  банката Македонија во регионот е една од земјите со најголем број на новоотворени работни места.

Тоа пред се се должи на државните мерки за вработување. Посебно на проектот Македонија вработува,  со кои се реазлизирани 80 отато од вработувањата, рече Мартин  Шимпов- Светска банка

Долгот на Македонија е зголемен но не е на ниво како во некои други земји од регионот, велат од банката.

Има зголемување но секкао тој не е голем како во некои други земји од регионот и не е на ниво што би укажало криза или проблем во неговото сервисирање, рече Елен Голдстин- регионален директор на Светска банка

За зголемениот извоз заслужни се странските компании. Банкарскиот сектор е оценет како стаблиен. Намалување има кај коорпоративното кредитирање, но раст е забележан  кај потрошувачките кредит.

Во извештајот како надворешни ризици за домашната економија беа посочени забавениот раст во ЕУ, несигурноста поради Брегзи, и политичките тензии во Турција. За споревдување на поребните реформи неопходно е брзо решавање на политичката криза.

Новите  реформи да се фокусираат на подобрување на пазарот на трудот, бизнис климата, и јавниот сектор, порачуваат од банката.

Генерално  растот на  економијата на  Западен Балкан забрза во 2016 година и годинава се очекува да скокне за 3,2 отсто. Во регионот ќе предничи Косово со раст од 3,9, потоа следи Албанија со 3,5 осто, Црна Гора со 3, 3 а економијата на Србија ќе порасен за три проценти.