Loading Video...
Македонија
6. August 2018 - 23:05

Политичарите со сите средства влегуваат во референдумската кампања

Каква јавна пропагнада ќе можеме да очекуваме до гласањето на 30 септетември? Официјално кампањата е отворена, но засега никој од големите партии формално не ја води. Од друга страна, неформално кампањата е во полн ек. Сите  политички изјави ба владините функцинери веќе се врзуваат за рефередумот.  Во законот за референдум и  изборниот законик не е регулирано што и до каде може да користатпремирот, министрите и директорите. Одговор за тоа дали јавната говорница ќе може да се користи за јавна пропаганда немаат ни во ДИК.

Во меѓу време не се штедат зборови и средства за да се покаже својот став. Комуниколзите велат дека во предност за водење на кампањата ќе ја имаат оние кои се „За“, но и го носат најголемиот ризик

Од друга страна оние „против“ се поделени на гласање против и бојкотирање на референдумот. Тие ќе треба да го издражат товарот на притисоците и етикетирањето како проруски оринтирани.

Имајќи ги пред вид силно спротивставените ставови на власта и опозцијата  јасно е дека ќе не чека набиена, па дури и црна кампања.

Од денеска веќе се вклучуваат и “тешкаши“ во пропагандата.  Во Скопје пред рефрендумот доаѓа австрискиот канцелар Себастијан Курц.  И Групата Охрид, составена од странски дипломати меѓу кои Џорџ Робертсон, Карл Билт, Плевнелиев, Ален Ле Роа, излезе со свое обраќање јавно повикуваат да се излезе на референдумот и да се гласа „за“.