Полињата во Херсон би можеле да станат пустина по уништувањето на браната Каховка
Откако експлозија ја уништи големата брана Каховка, на реката Дњепар, во јужна Украина, украинското Министерство за земјоделство синоќа соопшти дека според првичните прогнози, се очекува да бидат поплавени околу 10.000 хектари земјоделско земјиште на северниот брег на реката, во регионот Херсон.
Се очекуваше поплавите да бидат многу поголеми на јужниот брег на реката, во регионот под руска окупација, се наведува во соопштението на Министерството, објавено на неговата Интернет-страница.
Деталните информации за штетите и последиците ќе бидат објавени во наредните денови кога министерството ќе има појасна слика за состојбата.
„Освен тоа, катастрофата предизвикана од активности на човекот, ќе го наруши снабдувањето со вода во 31 систем за наводнување на полињата во регионите Дњепропетровск, Херсон и Запорожје“, соопшти министерството.
„Уништувањето на хидроцентралата Каховка ќе значи дека полињата во јужна Украина веќе следната година би можеле да се претворат во пустини“, додаваат од министерството.
Снабдувањето со вода за пиење во населените места, исто така, би било загрозено. Дополнително, од Министерството за земјоделство велат дека очекуваат негативни последици за рибарството.
Браната беше уништена вчера рано утрината, во јужниот дел на Украина, во областа Херсон, окупирана од Русија. Кремљ го обвини Киев, а од друга страна, Украина и многу западни набљудувачи се убедени дека руските окупатори сами ја разнесоа браната - веројатно за да спречат планирана украинска контраофанзива.
Ново на Сител
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
