Поликлиниката Чаир ќе добие донација амбулантно возило
Граѓанското движење АВАЈА денеска ќе донира амбулантно возило на Поликлиниката Чаир во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, за покривање и опслужување на граѓаните на Шуто Оризари, Чаир и Бутел.
-АВАЈА во текот на 2021 година потпиша меморандум за спроведување ургентна интервенција за жителите на Шуто Оризари – донирање амбулантно возило и вработување две медицински сестри Ромки. Ова е втора реализација на иницијативите предвидени во пакетот здравствена помош. Со првата иницијатива е дадената поддршка на гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари. До крајот на оваа година ќе биде реализирана и третата иницијатива – работно ангажирање на две медицински сестри Ромки за период од 24 месеци во некое од одделенијата во рамки на Здравствениот дом Скопје, информира АВАЈА.
Најавуваат дека на промоцијата на донацијата пред Амбулантата Шуто Оризари ќе присуствуваат Жељко Јовановиќ, директор на Канцеларијата за ромски прашања при Фондацијата Отворено Општество – Берлин, Елвис Шаќири од Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико, проф. д-р. Виктор Исјановски, директор на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Ново на Сител
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ