Македонија
27. јуни 2018 - 16:54

Полициските кадети повторно на протест пред МВР

Зошто некој си игра со нашите судбини и со кое право сака да не претстави како криминалци, прашуваат полициските кадети од последната класа кои не добија решенија од Министерството за внатрешни работи. На денешниот протест пред зградата на МВР тие побараа средба и објаснување од  министерот Спасовски зошто сеуште немаат писмен документ дека се одбиени и од која причина.

Петковски соопшти дека од 11 јуни до сега, десеттина нивни колеги добиле решение од МВР.

Инаку, по завршување на првиот протест одржан на 11ти овој месец, од МВР истакнаа дека по детална безбедносна проверка е утврдено дека 35 кадети кои не добиле договор за работа се сторители на кривични дела.