Полициските „Алфи“ привеле 175 лица по разни основи
Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција - Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 926 лица, преглед на 242 патнички моторни возила и на 60 лица, а по разни основи биле приведени вкупно 175 лица.
По основ на телеграма, соопшти денеска МВР, приведени се 32 лица, по потрага, гласник или наредба од Основен суд 10 лица, под сомнение за извршено кривично дело приведени се 34 лица, по извршено кривично дело 11, за издржување казна затвор 13 лица, за утврдување на идентитет седум лица и за недозволени предмети приведени се пет лица.
Меѓу останатите, едно лице е приведено за напад на службено лице, лица со оружје две, а 19 се приведени за поседување опојни дроги.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ