Полициски службеници на распит во Обвинителството поради снимката за „Поткуп“
Полициски служебеници се повикани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за да дадат исказ за смимката поврзана со случајот „Поткуп“. Станува збор за снимка објавена пред десетина дена на еден портал, интегрална снимка од пред неколку години во врска со водената истрага за случајот „Поткуп“ во кој наводно е инволвиран и поранешниот премиер Зоран Заев.
Од Јавното обвинителство не потврдуваат за какво дело станува збор и велат дека станува збор за предистражна постапка и дека полициските службеници се приведени на разговор, а не се уапсени.
Се уште нема мерка притвор и не се знае дали станува збор за само четворица полициски службеници, односно бројката може и да се менува во текот на понатамошната предистражна постапка.
Одземени им се мобилните телефони, а полициските службеници се пред надлежен јавен обвинител, велат од Обвинителствот и додаваат дека во моментов не можат да изнесат повеќе детали.
Министерот Наќе Чулев демантираше дека приведените службеници се дел од неговата екипа.
Ново на Сител
-
Меѓународна конференција на Алкалоид за меѓународниот патент - „Омепразол“ во течна форма
-
Претседателката на Антикорупциска не доаѓа на работа
-
Вооружена престрелка на Бит Пазар - едно лице тешко повредено
-
Филипче не е изненаден од превирањата во Вреди и Владата
-
Средба Муцунски – Ибрахимовиќ : Успехот на било која земја од регионот е добра вест за сите
-
Подготовките за локалните избори во полн ек
-
Двајца млади пациенти од трагедијата во Кочани на рехабилитација во Клиниката за физикална медицина
-
На Oнкологија стигна терапијата која недостигаше – реализирана годишната набавка