Полициски пилот со фалсификувана дозвола управувал хеликоптер на МВР
Полициски инспектор вработен во Министерството за внатрешни работи, во период кога министер беше Оливер Спасовски, со години управувал полициски хеликоптер користејќи фалсификувана дозвола за летање. Според информациите, во тој период со леталото биле превезувани и високи државни функционери и министри.
Како што објави Скопје Инфо, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел кривична пријава против лице кое работело како главен пилот во Одделот за воздухопловни единици. Пријавата се однесува на сомнение за кривично дело „фалсификување исправа“ согласно член 378 став 3 од Кривичниот законик.
Според наводите, во периодот од 27 февруари до 10 април 2023 година, осомничениот како началник на Одделот за воздухопловни единици незаконски внел податок во својата пилотска дозвола дека поседува овластување за инструктор на хеликоптер од типот TRI BELL 206, иако не ги исполнувал условите. Во документот било наведено дека овластувањето е стекнато на 26 февруари 2020 година.
Ова овластување, според пријавата, тој го користел како валидно пред Управата за полициски специјалности – Воздухопловната полициска единица во Брник, Словенија, како и во две управни постапки пред Агенцијата за цивилно воздухопловство, со цел да биде внесено во неговата цивилна дозвола за летање.
Предметот е доставен до надлежното обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошните чекори во постапката.
Ново на Сител
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
