Македонија
17. March 2025 - 12:08

Полициска контрола влегла во ,,Пулс'' неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле

Тошковски на денешната прес-конференција потврди дека вечерта за време на несреќата имало полициска контрола. Полицајците влегле неколку минути пред трагичниот настан.

– Да вечерта имало контрола, кои проверувале дали имало дрога и малолетници. Полициските службеници кои присуствувале влегле неколку минути пред трагичниот настан. Службеникот кој беше обвинет дека требало да го прекине настанот погинал бидејќи влегувал и излегувал обидувајќи да извлече повеќе лица од објектот.

Другите лица службеници, биле поблиску до вратата и за среќа се спасиле – соопшти Тошковски.