Македонија
24. November 2023 - 19:47

Полициска акција во Струга

Во голема полициска акција во Струга разбиена 23 члена кримална група која се занимавала со недозволена трговија со  дрога и оружје. Приведени се 19 лица , по  останатите тројца сеуште се трага , а едно лице од претходно е во затвор.Криминална група била составена од лица од Струга, едно лице од Охрид и еден албански државјанин (кој престојува во Струга), кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје.

При извршените претреси, на 36 локации се пронајдени и одземени оружје, муниција од различен калибар, кокаин, марихуана, пари, патнички моторни возила, мобилни телефони и други предмети.

Станува збор за лица добро познати на полицијата .За време на спроведеното криминалистичко истражување утврдено било дека целта на формирањето на организираната криминална група била  стекнување на противправна имотна корист  од извршените кривични дела.