Полицијата во Прилеп расветлува случаи на кражби на тутун

За два месеца, во јули и август, полицијата во Прилеп регистрила 13 случаи на кражби на тутун, од кои 10 во јули и три во август. Од сите случаи, за еден е извршен увид, а за сите се трага по сторителите, информираат од СВР Битола.
Од полицата објаснуваат дека пријавените кражби на низи тутун од скелиња, поставени на необезбедени јавни површини со помала материјална штета се класифицирани во кривични дела кои се гонат по приватна тужба и апелираат до граѓаните да преземат превентивни мерки да ги обезбедат површините.
Во текот на оваа година, се расветлени три кривични дела - тешка кражба на тутун со поголема материјална штета и се поднесени кривични пријави. Лани е расветлен еден таков случај.
Од СВР Битола нагласуваат дека реоните превентивно се обезбедуваат, но и граѓаните треба да преземат мерки да ги заштиттат скелињата поставени на необезбедени јавни површини.
Ново на Сител
-

Младите и социјалните мрежи
-

Преглед на вестите од светот
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
