Полицијата во Лас Вегас истражува обвиненија за силување против Роналдо
Полицијата во Лас Вегас ќе спроведе истрага по обвинувањата на една жена која тврди дека Кристијано Роналдо ја силувал во 2009 година.
Кетрин Мајорга тврди дека била нападната од Португалецот во хотелска соба во САД.
Обвинувањата на Мајорга прв ги објави германскиот магази „Шпигел“, но претставници на Роналдо веднаш ги отфрлија како неточни и најавија дека ќе го тужат весникот.
Според информациите на „Шпигел“, 34-годишната Мајорга поднела пријава до полицијата во Лас Вегас набрзо по инцидентот. Изданието пишува дека во 2010 година таа постигнала вонсудски договор со фудбалерот на Јувентус, согласно кој, добила 375.000 долари и се согласила никогаш да не проговори за тоа што се случило.
Полицијата во Лас Вегас потврди дека истражувале пријава во јуни 2009 година, но додава дека немало осомничен за случајот.
- Во периодот кога беше прифатена пријавата, жртвата не им даде на истражните органи информации за местото на инцидентот или опис на напаѓачот. Од септември 2018 година, случајот е отворен одново, а нашите детективи ги проверуваат доставените информации, се вели во соопштението на полицијата.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес