Полицијата во Грција ја проширува мрежата од информатори за да се справи со тероризмот

Грчката полиција разработила план за проширување на мрежата од информатори за да се справи со внатрешниот и меѓународниот тероризам, пишува весникот „Катимерини“.
Весникот нагласува дека паралелно со истрагата околу неодамнешниот напад со писмо бомба врз поранешниот премиер Лукас Пападимос, полицијата одлучила да ги зголеми можностите за собирање информации. За целта е предвидено мрежата од информатори да биде проширена.
Извор од Министерството за заштита на граѓаните изјави дека изминатите месеци како информатори биле привлечени 30 странци, чие потекло е од земјите, од каде доаѓаат мигранти и бегалци, како Пакистан, Ирак, Сирија и државите од Северна Африка. Тие се пронаоѓаат главно во центрите за задржување мигранти.
Податоците од нив стигнувале до грчката Антитерористичка служба до Дирекцијата за анализа на информацијата кон полицијата. Овие две служби се натоварени со исполнување на тој таен план за пронаоѓање на информатори странци меѓу мигрантите за борба против тероризмот.
Тајниот план предвидувал изворите на информации да се зголемат три пати следниот месец, а кон таа невидлива мрежа да бида привлечени околу 70 странци, кои ќе бидат со статус на „специјални соработници“, додава весникот.
Ново на Сител
-

Зголемен водостојот на Дојранското и Охридското Езеро
-

Најголемата ноќ во музиката, Греми 2026
-

Приведен 22 годишен битолчанец, управувал возило со 139 километри на час на место каде брзината е ограничена 60
-

Белингам надвор од терените околу еден месец
-

А Бола: Роналдо одлучи да го бојкотира денешниот натпревар на Ал-Наср
-

Случај Епстин: Замрзнати мозоци од Македонија транспортирани во Америка
-

Следните осум месеци посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје
-

Продолжува судењето за „Пулс“ со сослушување сведоци
