Полицијата влезе во фирмите на Нефи Усеини
Инспектори од Секторот за економски криминал на СВР Охрид вршат проверка во фирми чиј сопственик е охридскиот советник Нефи Усеини, потврдија за Сител од министерството за внатрешни работи.
Детали не откриваат но кусо сооптшија дека во координација со ОЈО направени се проверки на прави лица , а во врска со претходно отворени истраги.
Неофицијално проверката се прави во бетонската база која се наоѓа во близина на болницата Свети Еразмо.
Инаку Усеини во изминатиов период е во центарот на вниманието откако нелегално изгради тераса пред неговата пицерија која всушност се наоѓа во заштитениот дел на Охрид.
Иако беше наложено нејзино уривање одлуката сеуште не е спроведена.
Усеини пак најави дека сама ќе ја руши терасата ако градот Охрид ги сруши сите дивоградби.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар