Полицијата влезе во домот на кичевчанец - еве што пронајде таму
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и „спречување на докажување“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Кичево. При претрес извршен во неговиот дом на 23-ми минатиот месец, пријавениот започнал да ги попречува и ги оттурнувал полициските службеници во преземнањето на службените дејствија, а во еден момент од кујната земал две кеси со опаковки со бела прашкаста материја и се обидел да ги исфрли во тоалетот. При претресот, пронајдени и со потврда одземени се 25 помали паковки со бела прашкаста материја, три цвета растителна материја и 188.100,00 денари. Од добиеното вештачење извршено во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека во 25 паковки има опојна дрога кокаин а цветовите-растителниот материјал се марихуана.
На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење до 30 дена а потоа е спроведен во казнено поправната установа „Затвор-Скопје“
Ново на Сител
-

Кривична за директорка на градинка во Кочани, вработила лице како негувател без да поседува лиценца
-

Од почетокот на декември до вчера 6151 сообраќајни прекршоци
-

Кафуле за „љубовни средби“ со „идеалната“ ВИ-личност
-

Јамал фудбалер играч со најмногу голови и асистенции во Лигата на шампионите на 19-годишна возраст
-

Кина погуби поранешен генерален директор поради примање мито
-

Грчките земјоделци и денеска ќе ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Уште десет дена за аплицирање за студентски ваучери за ИТ уреди
-

Најстудено утрово во Берово и Битола -4 степени
