Полицијата вчера во Скопје издала 151 сообраќајна казна

Во текот на изминатиот ден (20.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 11 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци.
Во текот на изминатиот ден издаден е 151 мандатен платен налог.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
