-->
-->
Полицијата употреби огнено оружје и водени топови врз демонстрантите во Хонг Конг
-->
Еден полицаец пукаше со пиштол во текот на протестите денеска во Хонгког, што е прв случај на употреба на оружје откако почнаа протестите во јуни.
На фотографиите може да се видат полицајци како држат оружје вперено во демонстрантите кои пак ги бркаат со шипки.
Ова е исто така прв протест во Хонгконг на кој полицијата употреби водени топови.
Полицијата за локалните медиуми изјави дека пукањето е предупредување за демонстрантите и дека неколку полицајци биле однесени во болница.
Демонстрациите во Хонг Конг започнаа во знак на протест против предложениот закон за екстрадиција со кој ќе се овозможи екстрадиција од Хонг Конг во Кина, а откако беше повлечен нацрт-законот, митинзите се претворија во протести против владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори