Полицијата упадна во куќа во Ѓорче Петров, еве што се пронајдоа таму

Во четвртокот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простори кај лицето К.К. (35) на ул. „Т.Бошковски-Тарцан“во Скопје.
Таму биле затекнати и лицата Б.К. (67) со иста адреса на живеење и М.С. (20), исто така, од Скопје.
При претресот, во делот од куќата што го користи К.К., биле пронајдени шест саксии со марихуана. Во просториите кои ги користи Б.К. биле пронајдени една пушка -ловен карабин, 60 куршуми-долго зрно од непознат калибар, 126 куршуми од непознат калибар и една дозвола за поседување оружје.
Сите пронајдени предмети биле одземени и предадени на вештачење.
По целосно документирање на случајот, против К.К. и М.С. ќе бидат поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниоит законик, додека против лицето Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
