-->
-->
Полицијата уништи околу 4.000 илјади стебла марихуана
-->

Полицијата од северниот албански град Скадар, открила 46 парцели со околу четири илјади стебла марихуана, јави дописникот на МИА.
Полицијата соопшти дека во рамките на интензивните контроли на повеќе делови од околијата Скадар откриените парцели биле во селата Бен и Дришт. Поголемиот број од парцелите или 41 се откриени во селото Бен додека останатите пет парцели со над 520 стебла во селото Дришт. Стеблата марихуана, кои биле во различна висина се уништени а полицијата трага по лицата кои ги засадиле.
Во изминатите два месеца откако полицијата ја почна широката операција уништени се над 40 илјади стебла марихуана, во речиси сите делови на земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
