Македонија
11. March 2021 - 16:15

Полицијата уапси скопјанец кој поседувал марихуана, амфетамин и кокаин

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф.(42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.07.2020 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди а3“ на пријавениот и претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, кокаин, МДМА, мешавина од марихуана и тутун и дигитална вага со остатоци од кокаин и марихуана.