Македонија
1. January 2021 - 12:58

Полицијата уапси неколку дилери на дрога

На 01.01.2021 во 02.40 часот, во близина на автобуската станица во Кичево, при преглед на патничко возило „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.К.(21) од Скопје, пронајдени се и одземени четири ќеси со кокаин и една со марихуана. Тој, заедно со сопатниците В.А.(21), Д.Г.(20), Д.О.(20), М.Т.(19), А.Т.(19), М.Б.(20), Ф.К.(20) и А.Т.(20), сите од Скопје, се приведени во полициската станица во Кичево. По целосно документирање на случајот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

Вчера во 20,20 часот во с.Боговиње, тетовско, од страна на полициски службеници од слобода биле лишени С.Ф.(22) од с.Жеровјане, тетовско и А.Р.(24) од с.Синичане, тетовско, затоа што при извршен преглед над нив и на возило „хјундаи“, со тетовски регистарски ознаки, со кое се превезувале, била пронајдена марихуана. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.