Македонија
28. September 2019 - 18:11

Полицијата тресеше дом во Кичево - приведено 25-годишно момче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.М.(25) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 20.09.2019 на ул.,,Душан Јовески“ во Кичево полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.