-->
-->
Полицијата спречи производство на наркотични дроги
-->
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Е.О.(22) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 07.07.2020 полициски службеници, при извршен претрес во домот на Е.Д., во кој престојувал неговиот син E.O., пронашле и одзеле чанта во која имало марихуана, семки кои потекнуваат од растението Cannabis, една дробилка и други предмети со остатоци од марихуана.СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Г.(33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.07.2020 на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле дигитална вага, марихуана и мешавина од тутун и марихуана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Дизелот ќе поевтини
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знае само за блокади и предавства
-

СДСМ: Срамни обиди за рехабилитација на осудените за 27 април
-

Стартува реконструкцијата на Универзална сала
-

Државата се дигитализира, но не сите со исто темпо
-

Дојран ја подготвува првата инклузивна плaжа во државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
