Македонија
15. November 2016 - 16:53

Полицијата со совети за пешаците во Тетово

Честите сообраќајни незгоди во кои се повредени пешаци е причината тетовката полиција да ги засили контролните активности во центарот на градот. Намерата е превентивно да им се укаже на пешаците на потребата од поголема внимателност и од нивна страна.

Советите на полицајците треба да резултираат со поголем ред во правилно движење на пешаците а со тоа и нивна поголема безбедност.

За непочитување на сообраќајните правила и за пешаците се предвидени глоби кои се движат од 20 до 50 евра.