Полицијата со сила избрка советници и пратеници кои го блокираа градското собрание во Нови Сад

Полициски службеници со употреба на сила избркаа 30-на опозициски советници и пратеници од Градското собрание во Нови Сад кои утрово влегоа и ја блокираа институцијата.
Полицијата насилно избрка и новинари кои известуваа од Градското собрание, а во еден момент при пресметка со полицијата било скршено стаклото на влезната врата, јави Бета.
Опозиционерите скандираа „Србија, Нови Сад, стани сега!“ и „Фрлете ги униформите!“ Пред Градското собрание се уште е присутна полицијата и жандармеријата.
Неколку градски советници од Нови Сад и пратеници во Собранието на Војводина рано денеска го блокираа градското собрание во Нови Сад.
„Ако повикуваме на генерален штрајк, мора да штрајкуваме и политички“, велат тие и најавија дека ќе ја блокираат работата на Градското собрание кое е седиште на градоначалникот и градската власт.
„Ги блокираме институциите како повик за штрајк. Опозицијата се приклучува кон штрајкот, ги блокираме политичките институции. Од денеска градот е блокиран.
Остануваме во Градското собрание до дополнително известување. Додека нема одговорни, нема ни да работи.
Нема да дозволиме веќе никој да не гази: да го крвари знамето на Нови Сад нашата Војводина, нашата Србија“, порачаа во директен пренос на социјалните мрежи.
Тие ги повикаа сите советници и пратеници да го сторат истото и да започнат со масовни блокади на институциите и штрајк.
Според српски медиуми полицијата го привела одброникот на опозициското Граѓанско движење „Браво“ Миран Погачар.
Во меѓувреме, на повеќе локации во Белград, Нови Сад, Ниш, Краљево и Ужице, граѓаните во Србија денеска им оддадоа почит на загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Студентите блокираа улици во Белград и носеа транспаренти „Слушате ли колку гласно молчиме“, и транспарент со цртеж на дворски шут и натписи од медиумите Пинк, Хепи, Информер и РТС.
Ширум Србија граѓаните застанаа во 11:52 часот и се вклучија во петнаесетминутната акција за оддавање почит, јави Бета.
Претставниците на иницијативата „Проглас“ ги повикаа луѓето да учествуваат денеска во акцијата наречена „Застани Србија – застани за студентите“ во Белград, Нови Сад, Краљево, Смедерево, Сремска Митровица и Ваљево.
Ново на Сител
-

75-годишна жена и нејзиниот малолетен внук физички нападнати од нејзината ќерка
-

Николоски: Имаме решение за патот за Теферич, Владата ќе го води проектот
-

Внимавајте на грчките плажи: 250 евра казна ако немате спасувачки елек на SUP даска
-

Николоски: Проблемот на професионалните возачи го решаваме самостојно, веќе се издаваат долгорочни работни визи
-

Новиот закон овозможува државни и приватни дата центри, вели Николоски
-

За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
-

Иран предупреди на масовен одговор по заканите на Трамп за напади врз критичната инфраструктура
-

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати | ФОТО
