Полицијата со полн плен од домот на началникот на СДСМ од СВР Куманово
Полицијата го нашла тоа што го барала во домот на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ, дознаваме од полициски извори. Според нашите неофицијални информации полицијата во неговиот дом дошла со налог за претрес најверојатно под сомнение за можни изборни нерегуларности.
Од МВР нема официјални информации за случајот. Во деновите пред изборите медиумите објавија дека во Куманово се врши поткуп на гласачи со огревно дрво. Дали овој случај е поврзан со тој или станува збор за коинциденција нема информации.
Величковиќ во изјава која изгледаше како говор на партиски митинг, призна дека му била одземена документација но не откри детали. Претходно и началникот на СВР Струмица, исто така од СДСМ беше споменуван во случај со изборни нерегуларности откако одлободи лице кое претходно полицијата го проведе за наводен поткуп на гласачи.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски