Македонија
6. December 2023 - 18:12

Полицијата приведе 18-годишник кој му вперил пиштол на 22-годишно момче

На 05.12.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром бил извршен службен разговор со Р.Б.(18) од с.Св.Петка, скопско.

Според пријавеното, околу 17.30 часот на ул.„Трета  македонска бригада“ во Скопје тој со пиштол му се заканил на У.Р.(22) од Скопје, велат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.