Македонија
5. July 2024 - 16:51

Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал

Во Полициската станица Карпош вчера во 10.30 часот, В.Д.(36) од Скопје пријавила дека шест лица-работници на возраст од 24 до 27-годишна возраст од Непал, кои работеле во приватна фирма, се оддалечиле од местото каде што престојувале.

Од МВР денеска соопштија дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.