Балкан
12. April 2017 - 17:54

Полицијата подготвувала акција во најголема тајност: Таа ги уапсија своите шефови

 
Полицијата во Србија во текот на вчерашниот ден спроведе голема акција, а српските медиуми денеска излегоа со детали за истата. 
 
Во акцијата која се одвивала во Шабац, лисици биле ставени на началникот на полицијата во овој град, како и на други полициски службеници. Тие се обвинети за повеќе кривични дела и манипулации низ годините во кои биле на должност.
 
Се работи за 43-годишниот Славиша С, инаку началник, потоа 51-годишниот Влатко м. 52-годишниот Ранко Ж и 43-годишниот Зоран М. кои биле тројца најблиски соработници на началникот на Шабац.
 
Лисици на рацете им биле ставени бидејќи не го привеле осомничениот за претепаниот малолетник во Србија.
 
Биле прибавени многу докази, им биле прислушувани телефоните, а биле поставени и камери во канцелариите.
 
Ништо не укажувало дека ќе бидат уапсени, акцијата со месеци се држела во тајност, се додека колегите не ставиле лисици на рацете на шефовите и останатите колеги.
 
Повеќе детали се најавени.