Полицијата по распитот го ослободи Седат Пекер
Турскиот криминалец Седат Пекер, кој периодов активно споделуваше видеа на Јутјуб поврзани со турските политичари, бил на распит во полицијата во Дубаи вчера, а по неколку часа бил ослободен. Ова, како што јавува агенцијата Ројтерс, го соопштил советникот на Пекер за односи со јавноста, а и самиот тој на социјалната мрежа Твитер.
Емре Олур, кој вели дека со години работи за Пекер, за Ројтерс рекол дека полицијата го повикала Пекер да даде изјава по што тој отишол доброволно и сам. Доцна вчера Пекер кажа дека разговарал со полицијата и дека му кажале за смртни закани против него.
„Разговараме за сериозните обвинувања против мене. Полицијата ми кажа дека јас сум гостин во нивната земја како кој било друг и дека нема одлука на ИНТЕРПОЛ за мене“, напиша Пекер на Твитер.
На Пекер исто така му било кажано дека нема проблем да остане или да ја напушти земјата. Полицијата на Дубаи, министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати и владината прес служба, како што јавува Ројтерс досега немаат коментари. И турската влада засега нема коментар за средбата на Пекер со полицијата.
Ново на Сител
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд