Полицијата отрки 13 мигранти

- Мешана полициска контрола од граничниот премин „Богородица“ синоќа откри 13 мигранти кај Струмица.
Министерството за внатрешни работи информира дека синоќа во 20,00 часот од страна на патрола од униформирани полициски службеници од Полициската станица за гранично преминување и граничен надзор “Богородица“ и униформирани полициски службеници од Република Хрватска на автопатот Гевгелија - Скопје во близина на бензинската пумпа од правец кон село Удово биле забележани две сомнителни патнички моторни возила, „Опел Вектра“ со штипски регистарски ознаки и „Форд Мондео“ со гевгелиски регистарски ознаки.
Патролата, стои во соопштението, им дала светлосен и звучен знак на возилата да застанат, но тие со зголемена брзина се упатиле по регионалниот пат кон Струмица. На раскрсницата кај село Раборци го промениле правецот на движење по што се упатиле кон село Попчево. Во 20,45 часот на шумскиот пат во близина на браната во село Водоча, возачот на Форд Мондео излегол од возилото додека истото било во движење и се качил во Опелот, кој бил во близина, и со голема брзина се упатиле кон село Водоча-Струмица.
При претресот на возилото Форд Мондео пронајдени се 10 мигранти и уште тројца мигранти кои биле во непосредната околина. Тие се однесени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
-

Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
-

Нова фаза од војната на Блискиот Исток - Напади врз енергетската инфраструктура
-

Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
