Полицијата откри 11 мигранти во Радовишко

Единаесет мигранти се откриени ноќеска во возило кое бегајќи од полицијата излетало од патот во близина на селото Покрајчево, Радовишко. Полицијата забележала три возила со мигранти, од кои две успеале да побегнат.
Полицајци вчера, околу 00:40 часот во село Градашорци забележале три патнички моторни возила, во кои се превезувале мигранти. Како што информира денеска МВР, на даден знак за запирање возачите не застанале. Две возила продолжиле да се движат на патот кон Радовиш, додека возилото „Голф“ со бугарски национални ознаки, во кое се превезувале 11 мигранти се исклучило од магистралниот пат и продолжило по земјениот пат кој води кон село Покрајчево, но поради неприлагодена брзина излетало од патот. Возачот го напуштил местото на настанот.
Во просториите на Полициската станица Радовиш бил извршен разговор со мигрантите, кои по наредба на Јавен обвинител се сместени во прифатните центри во Гевгелија и во Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
